• петок, 15 ноември 2024

Фатен бегалец од КПУ Затвор Куманово

Фатен бегалец од КПУ Затвор Куманово

Скопје, 3 октомври 2024 (МИА) - Во Скопје синоќа околу 22.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (26) од Скопје, кој по наредба од Основен кривичен суд Скопје бил баран поради бегство од КПУ Затвор Куманово.

МВР денеска соопшти дека тој бил осуден на казна затвор од четири години и седум месеци во врска со чл.215 ст.3 за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Исто така, А.А. бил баран и во врска со кривично дело по чл.259 (изнуда). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан