• четврток, 15 мај 2025

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Рим, 29 април 2025 (МИА) - Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“.

Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната.

За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова).

Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово водство дебитантот во Серија А се наоѓа на 11. место во поредокот со 42 бода по 34 кола. 

Рома со 60 освоени бода во моментов е на шестата позиција во Италијанското фудбалско првенство. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан