У19: Македонските фудбалерки ги дознаа противниците за новата сезона во Лигата на нации
- Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска со жрепка во Нион го одреди составот на групите за новата сезона во Б – дивизијата во Лигата на нации во која ќе настапува македонската женска репрезентација до 19 години.

Нион, 8 декември 2023 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска со жрепка во Нион го одреди составот на групите за новата сезона во Б – дивизијата во Лигата на нации во која ќе настапува македонската женска репрезентација до 19 години.
Жрепката одлучи македонските фудбалерки да бидат дел од групата Б1 заедно со Велс, Молдавија и Литванија, која идниот јули ќе биде домаќин на Европското првенство.
Според пропозициите, првопласираните репрезентации во шесте групи, како и најдобро рангираната второпласирана селекција во квалификациите, ќе се преселат во А – дивизијата за сезоната 2024/25.
Квалификациските турнири ќе се играат во два термина, од 21 до 28 февруари или од 2 до 9 април. ег/хс/
Фото: ФФМ