• недела, 22 декември 2024

У18: Македонските фудбалери ремизираа на гостувањето во Баку

У18: Македонските фудбалери ремизираа на гостувањето во Баку

Баку, 24 март 2023 (МИА) – Македонската машка фудбалска репрезентација до 18 години го одигра денеска првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Азербејџан, ремизирајќи без голови на дуелот во Баку.

Македонија и Азербејџан одиграа тврд натпревар, без премногу простор за игра, со внимателна одбрана и без премногу можности за постигнување погодок.

Најзрелите шанси Северна Македонија ги имаше преку Зенделовски во првото полувреме, а во продолжението Ѓоргиевски и Ливарека беа непрецизни.

Вториот контролен дуел овие две селекции ќе го одиграат на 27 март со почеток во 15 часот. ег/бак/

Фото: ФФМ

Остани поврзан