• четврток, 04 јули 2024

У17: Македонските фудбалерки поразени на вториот тест со Црна Гора

У17: Македонските фудбалерки поразени на вториот тест со Црна Гора

Радановиќи, 30 јануари 2024 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 17 години загуби попладнево од Црна Гора со 3-1 во рамки на вториот контролен натпревар меѓу двете селекции на стадионот во Радановиќи.

Почесниот гол за македонската репрезентација го постигна Емили Митковска.

Првиот натпревар меѓу двете селекции во неделата во Радановиќи заврши нерешено 3-3.

Со двата контролните натпревари на гостински терен против Црна Гора избраничките на селекторот Катерина Милеска ги почнаа завршните подготовки за настап на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство кое ќе се одржи во Шведска од 5 до18 мај.

Македонските фудбалерки ќе играат во групата 7 од А-дивизијата во која од 13 до 19 март за противници ќе ги имаат Данска, Шкотска и домаќинот Полска. ег/

Фото: ФФМ

Остани поврзан