• сабота, 21 декември 2024

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври 

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври 

Скопје, 1 декември 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници кои не го платиле долгот по основ на ДДВ за октомври да го сторат тоа во најкраток можен рок, за да не се соочат со мерки на опомена и блокирање на трансакциските сметки.

Според обработката на ДДВ пријавите, вкупниот износ на ДДВ долгот за октомври изнесува 2,99 милијарди денари, пријавени од страна на 3.949 даночни обврзници.

- Согласно анализата, останатите 1. 198 даночни обврзници кои не ја исполниле својата обврска, ги повикуваме да ја платат својата даночна обврска без одложување со  вкупен износ  од 758,6 милиони денари. За секој ден задоцнето плаќање, согласно законот ќе се пресметува камата од 0,03 проценти од преостанатиот долг. Даночните обврзници кои и по овој повик нема да ја уплатат својата обврска по основ на ДДВ, од 3 декември преку порака ќе добијат опомена, ако и по таа мерка не го платат долгот, веќе  од 23 декември ќе се започне и со  мерки за блокирање на нивните трансакциски сметки, велат од УЈП.

Законскиот рок за плаќање на оваа обврска беше до 25 ноември. бак/

Фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан