• петок, 22 ноември 2024

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година

УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година

Скопје, 23 саприл 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи соопшти дека пропишаниот рок за поднесување на Пријавите за данокот на додадена вредност “ДДВ–04“  кој истекува на 25 април 2024 година, се продолжува за еден ден, односно, краен рок за поднесување на пријавите ДДВ - 04, ќе се смета 26 април 2024 година.

Како што појаснуваат од УЈП, рокот се продолжува согласно одлуката на Владата, со која 24 април 2024 година (среда) се прогласува за неработен ден за сите граѓани. сст/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан