• недела, 24 ноември 2024

УЈП: Се доставуваат опомени за неплатен долг за данок на личен доход од ГДП за 2023

УЈП: Се доставуваат опомени за неплатен долг за данок на личен доход од ГДП за 2023

Скопје, 13 август 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година.

УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денар. 

Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле овие даночни обврзници за долгот и за начинот за уредно исполнување на обврската .

Врз основа на најчестите грешки што се прават при плаќање  и пополнување на даночните пријави, УЈП на својата веб-страница објави упатство кое треба да им послужи на даночните обврзници кои добиле известување или опомена за неплатен долг, а кои сметаат дека ја исполниле обврската или не треба да имаат обврска за плаќање на данок. Во упатството се опфатени можните причини за неусогласеност и што треба да сторат во наведените случаи  (линк  http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1992 )

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да се следат упатствата за уредно плаќање на данокот и навремено да се плаќаат обврските  за да не се соочат со дополнителни трошоци кои настануваат при наплата на долгот. мд/лв/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан