• понеделник, 23 декември 2024

Уште 12 прекршувања на правилата за изолација

Уште 12 прекршувања на правилата за изолација
Гостивар, 25 август 2021 (МИА) - Полицијата регистрирала дванаесет прекршувања на решенијата за изолација на поширокото полошко подрачје. Во еден локал биле затекнати и гости. Според СВР Тетово вчера (24 август) полициски службеници на СВР Тетово, во рамките на редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека две лицa од тетовските села Брвеница и Челопек, како и 10 лица од Гостивар и гостиварските села Чегране, Ѓурѓевиште, Неготно и Градец, иако имале решенија за изолација и домашно лекување. Тие, според информацијата не ги почитувале решенијата, односно не биле пронајдени во домовите. Против овие лица ќе бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ согласно член 206 од Кривичниот законик. Покрај ова, во заедничка акција со Државниот пазарен инспекторат спроведени се контроли во повеќе угостителски објекти на подрачјето. Во еден случај е констатирано е дека сопственикот на еден објект во тетовско Боговиње не ги почитувал владините мерки и протоколи, поради што на сопственикот на објектот и дванаесетте затекнати гости ќе им се изготват соодветни поднесоци.згм/свс/

Остани поврзан