• четврток, 04 декември 2025

Уште еден случај на затруено дете во Куманово

Уште еден случај на затруено дете во Куманово

Куманово, 20 ноември 2025 (МИА) - Уште еден случај за затруено дете во Куманово, евидентира СВР Куманово. Станува збор за четиригодишно дете, кое испило повеќе таблети. Од кумановската општа болница укажуваат дека по пружената помош детето е стабилизирано и е транспортирано во Клиника во Скопје.

- Ноќеска во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти СВР Куманово.

Во септември и во август, годинава беа евидентирани слични состојби на затруени деца од таблети и од детергент. Во јули, пак имаше два случаи на затруени деца со лекови, прво едногодишно бебе, исто така од липковското село Отља, а неколку дена подоцна десетмесечно бебе од Куманово. ам/рп/

Фото: МИА

Остани поврзан