• среда, 15 мај 2024

Уште еден пожар во центарот на Бејрут

Уште еден пожар во центарот на Бејрут
Бејрут, 15 септември 2020 (МИА) - Пожар денеска изби во зграда во централниот дел на Бејрут, во близина на пристаништето каде на 4 август се случи експлозија во која загинаа речиси 200 лица, а повредени беа илјадници. Не е познато што го предизвика пожарот во зградата проектирана од покојната британска архитектка по потекло од Ирак, Заха Хадид. Зградата е се уште во изградба и нема повредени луѓе. Пожарот е изгаснат и отворена е истрага. Тоа е трет пожар во таа област во рок од една недела. ми/

Остани поврзан