• петок, 28 јуни 2024

Уште еден брод погоден во Црвено Море, нападот најверојатно го извршиле Хутите

Уште еден брод погоден во Црвено Море, нападот најверојатно го извршиле Хутите

Дубаи, 27 јуни 2024 (МИА) – Уште еден брод денеска беше погоден во Црвеното Море во напад за кој се верува дека го извршиле јеменските бунтовници Хути, што е последен во серијата напади на транспортот како знак на нивна поддршка за Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас.

Екипажот известил дека бродот бил погоден во близина на пристаништето на градот Ходеида, контролиран од бунтовниците, соопшти приватната безбедносна фирма „Амбри“, од каде додадоа дека на нападот одговорил воен брод што бил во близина.

Не е јасно дали има повредени или дали бродот бил оштетен за време на нападот.

Војските на Обединетото Кралство и САД не го пријавија веднаш нападот, но и Хутите се уште не ја презедоа одговорноста за нападот.

Од ноември минатата година, бунтовниците киднапираа еден и потонаа два брода, додека ги гаѓаа бродовите повеќе од 60 пати со беспилотни летала и проектили, а во нападите досега се убиени четворица морнари.

Американската војска од јануари почна да ги бомбардира позициите на Хутите. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан