• петок, 22 ноември 2024

„Учи паметно - работи стручно“ насловот на работната средба што ќе се одржи во охридското средно училиште „Свети Наум Охридски“

„Учи паметно - работи стручно“ насловот на работната средба што ќе се одржи во охридското средно училиште „Свети Наум Охридски“

Охрид, 26 јануари 2024 (МИА) – „Учи паметно-работи стручно“ е темата на работната средба предивидена в среда да се одржи во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која се очекува да бидат презентирани позитивните искуства од концептот на дуалното образование, образовните профили во училиштето, а свои искуства ќе претстават и дел од самите ученици и нивните компаниски ментори.

Средбата, на која е најавено присуство и на градоначлникот Кирил Пецаков и раководни лица од секторот образовние, е во насока на определбите на Општина Охрид и на локалната самоуправа, активно да работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите. Како што се посочува во општинското соопштение, компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирањето наставни програми.

Со цел да се идентификуваат истите, се повикуваат компаниите да земат активна улога во целиот процес преку давање предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат.

Како предлог теми за кои ќе се споделуваат мислења во рамки на односниот социјален дијалог се тоа какви профили на кадар односно вработени со какви знаења и вештини им се потребни на компаниите, дали компаниите би примиле ученици на практична настава и од кои струки/профили, кои се евентуалните пречки со кои се соочуваат компаниите во врска со спроведувањето на практичната настава и предлози како истите да се надминат и каква е соработката на компаниите со училиштата и кои се можни начини за унапредување на истата. аб/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан