• недела, 17 ноември 2024

Училиште во Србија забрани бермуди, па момче дојде во фустан

Училиште во Србија забрани бермуди, па момче дојде во фустан
Белград, 29 јуни 2022 (МИА) - Училиште во Србија им забрани на учениците да носат бермуди на часовите, па еден ученик дојде до занимлива идеја како „да го заобиколи“ тоа правило и за тоа се пофали на „Тик-ток“... Видеото со наслов „Ги почитувам сите правила“, за неколку дена собра над 800.000 прегледи. Имено, момчето од едно Средно политехничко училиште дошло на училиште во фустан. - Нели не е дозволено да доаѓаш на училиште во „шорцеви“? - Не е дозволено. Брате, па јас ќе доаѓам во фустан како маж. Ајде избркај ме сега, па нека (биде така). Колку добро ми стои..., вели ученикот во видеото. Тој, исто така, откри дека го зел фустанот од мајка му, па доби стотици коментари на поддршка.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан