• понеделник, 23 декември 2024

Училиштето „Конгреси и Манастирит“ во Чаир од денеска со фотоволтаичен кров, Ганиу најавува уште седум соларни кровови во училиштата и градинките

Училиштето „Конгреси и Манастирит“ во Чаир од денеска со фотоволтаичен кров, Ганиу најавува уште седум соларни кровови во училиштата и градинките

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Во Основното општинско училиште „Конгреси и Манастирит“ во Општина Чаир, денеска беше пуштен во употреба фотоволтаичниот кров, кој се очекува во текот на годината да произведе енергија од 26.195 kWh, а заштедата на електрична енергија може да достигне и до 50 проценти.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како што соопштија од Општината, во оваа прилика објаснил дека со пуштањето во употреба на овој соларен кров, се подразбира и намалување на потрошувачката на електрична енергија и искористување на заштедените средства за други училишни активности, поточно за унапредување на воспитно-образовниот процес.

- Фотоволтаичните кровови се чист и одржлив извор на енергија, а истовремено значат и одржлива енергетска иднина, нула негативно влијание врз животната средина, односно без загадување, зголемување на употребата на зелена технологија како и обезбедување транзиција кон чиста енергија, рекол Ганиу.

Тој најавил дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба соларни кровови и во пет други училишта и две градинки во општина Чаир, а станува збор за: „7 Марси“, „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“, „Имри Елези“, „Лирија“ и градинките „Росица“ и „Снежана“.

Директорот на ООУ„Конгреси и Манастирит“, Фаик Ѓони истакнал дека ова е посебен ден за образовната институција што тој ја води, бидејќи на овој начин се преземаат безбедни чекори за ублажување на енергетската криза, но се зачувува и животната средина. цр/

Фото:Општина Чаир

 

__

Остани поврзан