• петок, 22 ноември 2024

Учесниците на протестот против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието

Учесниците на протестот против францускиот предлог пристигнаа пред Собранието
Скопје, 11 јули 2022 (МИА) - Со транспаренти „Ултиматиум, не благодарам“ и „Сепак, ние ќе победиме“, учесниците на протестот против францускиот предлог пристигаа пред Собранието. Претходно, поминаа покрај Министерството за правда каде скандираа „оставка“. Протестот минува мирно. Меѓу граѓаните се и членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на Левица кои јавно ги поддржуваат протестите. Објектите на Собранието и на Министерството за правда се обезбедени од полициски кордони. ар/бак/

Остани поврзан