• понеделник, 23 декември 2024

Ученици од Струмица во центарот на градот со флеш-моб го одбележаа Денот на планетата Земја

Ученици од Струмица во центарот на градот со флеш-моб го одбележаа Денот на планетата Земја

Струмица, 22 април 2024 (МИА) - Ученици од четврто в одделение во ООУ „Видое Подгорец“ и полуматуранти денеска со флеш-мопб на најфреквентната крстосница во Струмица, кај ТЦ „Глобал“, со флеш-моб го одбележаа Денот на планетата Земја.

Со триминутен настап тие го запреа сообраќајот и упатија порака дека секојдневно треба да се грижиме за нашата планета, а мото на годинашното глобално одбележување е „Планетата против пластиката“.

-Акцентот се става на заканата од пластика, која ја загрозува животната средина и повикот е да се намали употребата на пластиката, особено пластиката која е за една употреба. Во рамки на годинашното мото ние подготвивме еден перформанс, со кој преку музика, игра и глума создадовме една вистинска приказна која повикува и раскажува за нечовечноста, за нашата негрижа кон планетата Земја, потребата да се соочиме со проблемот и повикуваме на граѓански активизам, изјави наставничката Соња Цицимова, која со своите сегашни и поранешни ученици го подготви денешниот перформанс.

Според неа, со такви настани учениците треба да се подготвуваат за активизам, бидејќи денес се ученици, но утре ќе бидат граѓани кои треба да се вклучени во решавањето на сите проблеми со право на глас, став, своја идеа и да се борат за подобри животни услови во средината во која живеат. рт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан