• четврток, 27 јуни 2024

Ученици од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ го посетија Центарот за селекција на отпадот во Карпош

Ученици од ОУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ го посетија Центарот за селекција на отпадот во Карпош

Скопје, 18 февруари 2022 (МИА) - Триесетина ученици од четвртите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската општина Центар денеска го посетија Центарот за селекција на отпадот во Карпош.

Како што соопшти ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, стручните служби ги запознаа учениците со работата и активностите на претпријатието и преку забавни и едукативни игри ги едуцираа како правилно и совесно да постапуваат со отпадотна кој начин се врши неговата примарна селекција и како се одвива процесот на балирање во Центарот за селекција на отпадот. -ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе продолжи да ги реализира своите едукативни активности во чии рамки се организираат еко-предавања и работилници во скопските основни и средни училишта, како и во предучилишните установи. Примарната цел на овие активности е развивањето еколошка свест кај најмладите за нивната улога во одржувањето на здрава и чиста животна средина, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, Зухди Енуз. мд/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан