• петок, 05 декември 2025

Ученици од Куманово на едукативен настан „Имам став!“ во Собранието

Ученици од Куманово на едукативен настан „Имам став!“ во Собранието

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Ученици од СОУ „Гоце Делчев“ од  Куманово денеска ќе учествуваат на едукативниот настан „Имам став!“ во Собранието на Република Северна Македонија. 

Собраниската прес-служба соопшти дека настанот претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Парламентот.

-Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, се наведува во соопштението. хс/сст/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан