Учебната година почна и за девет ученици во Центарот за поддршка на учењето
- Новата учебна година денеска започна за околу 9000 основци и средношколци во Прилеп, од кои околу 600 првачиња, но и за девет ученици во Центарот за поддршка на учењето при ОУ „Климент Охридски. Таму настава посетуваат ученици од шесто до деветто одделение, а индивидуални третмани за поддршка во учењето имаат 28 ученици од прилепските и од училиштата од соседните општини.
Прилеп, 1 септември (2025) - Новата учебна година денеска започна за околу 9000 основци и средношколци во Прилеп, од кои околу 600 првачиња, но и за девет ученици во Центарот за поддршка на учењето при ОУ „Климент Охридски. Таму настава посетуваат ученици од шесто до деветто одделение, а индивидуални третмани за поддршка во учењето имаат 28 ученици од прилепските и од училиштата од соседните општини.
Со учениците работат седум едукатори и рехабилитатори.
-Според Законот ние примаме ученици со попречености од 6 до 9-то одделение. Од прво до петто одделение посетуваат настава во основните училишта но кај нас доаѓаат на индивидуални третмани и со нив се работи. Со некои деца еднаш, а со други и до четирипати неделно. Деветте ученици имаат десеттина предмети и може да се рече со помош на родителите имаме забележителен развој, објаснува специјхалниот едукатор Гордана Тодороска Здравкова.
Постојано се зголемува бројот на децата кои доаѓаат на индивидуални третмани и затоа ќе треба да се ангажира поголем број персонал.
-Засега сме доволно персонал кој ги задоволува потребите. Но постојано се зголемува бројот на децата на третмани, па во иднина ќе ни биде потребен дополнителен персонал, вели Тодороска Здравкова.
Инаку, во прилепските основни, а од годинава и во петте средни училишта има ангажирани 40-тина образовни асистенти за кои градските власти сметаат дека се доволни.
-Во моментов се задоволуваат потребите, а еве од годинава и во средните училишта, велиприлепскиот гфрадоначалник Борче Јовчески.ем/
Фото: МИА