УХМР: Утре во западните делови локален дожд
- Утре во западните делови ќе има локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Утре во западните делови ќе има локален дожд и ретки грмежи. Потоа следува период на стабилно време со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе се движи од 6 до 16, а максималната ќе биде од 18 до 30 степени.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.
Фото:МИА архива