• среда, 31 јули 2024

Утрово најсвежо во Лазарополе

Утрово најсвежо во Лазарополе

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Утрово најниска температура од 7 степени Целзиусови е измерена во Лазарополе. Следат Берово и Попова Шапка со 9 степени, 10 во Маврови Анови, 11 Тетово, 12 Крива Паланка, Битола, 13 Скопје-Петровец, 14 Прилеп, Крушево, Претор, 16 Куманово, Штип, Охрид, Струмица, 17 Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, 18 Дебар, 19 во Велес, Демир Капија, 20 во Гевгелија и 21 степени во Дојран.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. UV=8

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 36 степени. вг/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан