• четврток, 04 декември 2025

Утре топло со температура до 38 степени

Утре топло со температура до 38 степени

Скопје, 7 јуни 2025 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи за утре прогнозира многу топло време. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 26 до 38 степени.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. дма/сст/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан