• вторник, 05 ноември 2024

Утре пет часа без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река

Утре пет часа без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река
Дебар, 12 октомври 2021(МИА) - Утре во периодот од 9:50 до 15 часот без електрична енергија ќе бидaт корисниците на целото дебарско конзумно подрачје. - Заради годишно испитување на електричната заштита од регулациониот 110/35 киловолтен трасформатор во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, истиот ќе биде исклучен од мрежа. Целото дебарско конзумно подрачје ќе остане без напојување со електрична енергија на 13 октомври (среда) во период од 9:50 до 15 часот, потврдија за МИА од А.Д. ЕСМ. Ос таму додаваат дека времето на застојот е обезбедено и одобрено од страна на ЕВН во координација со граѓаните и поголемите потрошувачи на електрична енергија од овој регион. Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи. вт/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан