• петок, 05 декември 2025

Утре без вода корисниците од улицата „Црвена Скопска Општина“

Утре без вода корисниците од улицата „Црвена Скопска Општина“

Скопје, 18 август 2025 – Од Јавното претпријатие за водоснабдување информираат дека утре (вторник), поради дефект во шахта и замена на шибер (ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, ќе има привремено прекинување на водоснабдувањето во овој реон.

Без вода ќе останат сите корисници кои живеат или работат на улицата „Црвена Скопска Општина“, во периодот од 09:00 часот па сè до завршување на интервенцијата.

Од надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и препорачуваат претходно да се обезбедат со доволни количини вода за потребите во текот на денот. свс/са/

 

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан