• вторник, 28 мај 2024

Успешна е денталната операција - транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим во приватна ординација во Скопје

Успешна е денталната операција - транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим во приватна ординација во Скопје

19 април 2024

Вчера успешно заврши сложениот хируршки зафат – транспозиција на нерв на пациент  од земјава кој имаше потреба од истиот. Оваа комплексна техника ја изведе искусен хируршки тим под водство на професор д-р Мазен Тамими од САД, роден во Јордан. Интервенцијата се изведе во присуство и во приватната специјалистичка ординација на реномираниот орален хирург и имплантолог од овие простори - др. Диана Бојковска. Пациентот е во стабилна состојба, се чувствува добро, но претстои период на целосно заздравување после извршување на операцијата поради прилично атрофираната долна вилица.

Видео приказ од интервенцијата ќе биде емитуван во рамки на меѓународниот имплантолошки Конгрес кој почнува денес во хотел Хилтон, Скопје, а ќе трае до 20. април. Напредната хируршка техника за прв пат ќе биде споделена со пошироката стручна јавност од земјата, но и од светот, бидејќи на Конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од четири континенти.

Дигитализација во стоматологијата и новите трендови во имплантологијата се дел од темите кои ќе бидат во центарот на вниманието на овој Конгрес. Конгресот предвидува теоретски, практичен дел и презентирање на  напредна хируршка техника во делот на имплантологијата.

Еминентни стоматолози специјалисти  од Македонија исто така ќе земат активно учество на конгресот: Д-р. Митко Франгов, орален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Златко Вршковски, максилофацијален хирург и меѓународно лиценциран имплантолог, Д-р. Недим Касами, максилофацијален хирург и имплантолог, Д-р. Петар Вршковски, орален хирург и имплантолог, Др. Диана Бојковска, орален хирург и имплантолог.

Во Македонија за прв пат стоматолозите учесници на конгресот ќе бидат дел од меѓународно акредитирана имплантолошка едукација и ќе добијат  CME европски кредит поени. 

ИМПЛА имплантолошкиот конгрес е во организација на Schuetz Dental од Германија и Велидент Трејд и IMPLA Study Club oд Македонија.

Меѓународно акредитиран имплантолошки Конгрес

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан