• понеделник, 13 мај 2024

Успешен настан на македонските каратисти на Европскиот шампионат, освоени 19 златни медали

Успешен настан на македонските каратисти на Европскиот шампионат, освоени 19 златни медали

 

Скопје, 22 април 2024 (МИА) – Македонската репрезентација во традиционално карате имаше забележителен настап на ЕТКФ Европскиот шампионат што изминатиот викенд се одржа во Скопје, освојувајќи 19 златни, 18 сребрени и 50 бронзени медали.

Првиот ден се одржаа натпреварите за деца од 6 до 13 години во повеќе дисциплини поединечно и екипно, а македонските натпреварувачи освоија вкупно 16 златни, 15 сребрени и 47 бронзени медали.

Македонските каратисти се закитија со по три златни, сребрени и бронзени медали на вториот ден на кој на програмата беа натпреварувањата во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција. Најуспешни макеоднски претставници беа Берта и Јана Милевски, Дамјан Донев, Бојан Богдановиќ и Ива Ромевска.

На ЕТКФ Европскиот шампионат во Скопје учествуваа вкупно 358 натпреварувачи од 15 држави.

Европскиот шампионат го отвори претседател на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димески, а свое обраќање имаше и јапонскиот амбасадор во Скопје, Казуја Отсука.

Претседателот н (Европската и Македонската федерација, (ЕТКФ и МТКФ) Дејан Недев им додели златни плакети за развој на традиционалното карате во Македонија и Европа на проф. д-р Аце Миленковски, Даниел Димевски, Казуја Отсука, Венцислав Недев, Моше Роках (Израел), Фрањо Хорн (Словенија), Мелек Кошар (Турција), Микеле Романо (Италија), Гудрис Дарвеничиус (Литванија), Павел Томашек (Полска), Петар Скрија (Чешка) и Марко Томиќ (Србија). ег ФОТО: МТКФ

Остани поврзан