• недела, 22 декември 2024

Усик и Фјури пред Божиќ повторно во рингот

Усик и Фјури пред Божиќ повторно во рингот


Лондон, 29 мај 2024 (МИА) – Најавено е дека реванш борбата за обединување на светските титули во тешка категорија во бокс меѓу Олександр Усик и Тајсон Фјури ќе се одржи на 21 декември во Ријад.
Украинецот Усик пред две недели стана апсолутен светски шампион во тешка категорија, откако во главниот град на Саудиска Арабија на поени го совлада Британецот Фјури.
Усик со тоа стана првиот непоразен боксерски шампион во тешка категорија по Ленокс Луис, кој беше крунисан во 1999 година во Лас Вегас, а на Фјури му го нанесе и првиот пораз во кариерата. Веднаш по борбата во Ријад, Фјури ја активираше клаузулата за реванш.
Дали Усик ќе остане апсолутен владетел во тешка категорија ќе биде познато на 21 декември, кога Фјури ќе се обиде да ги преземе титулите во верзиите ВБА, ВБО, ВБЦ и ИБФ. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан