• сабота, 27 јули 2024

Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата „Brave Partner - 23“

Усвоена информацијата на МО за престој на странски вооружени сили на наша територијата за учество на вежбата „Brave Partner - 23“

Скопје, 24 ноември 2023 (МИА) - Владата на денешната седница ја усвоила Информацијата од Министерството за одбрана за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради учество на вежбата „Brave Partner - 23“ и донесе ваква Одлука.

- Полноправното членството во НАТО побарува и активно учеството во заедничките вежбовни активности, со што се зголемуваат одбранбените способности на Алијансата за одбрана и одвраќање. Во таа насока, вежбата „Brave Partner - 23“, како што е соопштено од Министерството за одбрана, е во целосна организација на Армијата на вооружените сили (ВС) на САД за Европа, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

На вежбата е предвидено да учествуваат единици од вториот коњички полк на вооружените сили на САД, на Армискиот полигон Криволак, што ја потврдува клучната гео-стратешка позиција на Република Северна Македонија. цр/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан