• вторник, 23 април 2024

Урнати 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци

Урнати 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци
Кавадарци, 25 март 2023 (МИА) - Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.   
 
- На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина - парк. Во расчистувањето на теренот е вклучена механизација од компаниите „Ја- Ми", ,,Ас машини" и ,,Градба промет", соопштија од кабинетот на градоначалникот. 
 
 
Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен. Канделабрите биле донација од компанијата ,,Кожувчанка". 
 
- Општина Кавадарци континуирано работи на уште подобро и ново улично осветлување, нагласија од Кабинетот на Јанчев. свд/хс/
 
Фото : Општина Кавадарци 

Остани поврзан