Управата за заштита на културното наследство учествува на Медитеранската берза за археолошки туризам
- Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и годинава е дел од престижната Медитеранска берза за археолошки туризам (Borsa Mediterranea del Turismo Archeologico – BMTA) која од 30 октомври до 2 ноември 2025 се одржува во Пестум, Италија.
Скопје, 31 октомври 2025 (МИА) - Управата за заштита на културното наследство на Република Македонија и годинава е дел од престижната Медитеранска берза за археолошки туризам (Borsa Mediterranea del Turismo Archeologico – BMTA) која од 30 октомври до 2 ноември 2025 се одржува во Пестум, Италија.
УЗКН соопшти дека целта на континуираното учество на оваа Берза е промоција и популаризација на нашето богато културно и археолошко наследство, а годинава и афирмација на традициите поврзани со лозарството и винарството како дел од културниот идентитет на Тиквешкиот регион.
-Ова е петто учество на Република Македонија на овој престижен меѓународен настан, што ја потврдува континуираната и плодна соработка со Република Италија во областа на заштитата и промоцијата на културното наследство. Македонскиот штанд, кој традиционално ги претставува највпечатливите археолошки локалитети, цркви и манастири, оваа година е збогатен и со содржини подготвени од Винскиот музеј од Кавадарци. Оваа година штандот на Управата го посети и амбасадорот на Република Македонија во Италија, Весел Мемеди, соопшти Управата за заштита на културното наследство.
Медитеранската берза за археолошки туризам е единствен настан од ваков вид во светот, под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација (UNWTO). Таа претставува меѓународна платформа за средби, размена на искуства и развој на интеркултурен дијалог меѓу институции, музеи, универзитети, туристички оператори и професионалци од областа на културниот туризам.
-Со ова учество, Управата за заштита на културното наследство повторно ја потврдува својата заложба за активно претставување на Република Македонија на меѓународни форуми и за унапредување на видливоста на националното културно наследство како ресурс за одржлив развој и културна дипломатија, се наведува во соопштението ан УЗКН. хс/дма/
Фото: Управа за заштита на културното наследство