• сабота, 16 ноември 2024

УНХЦР: Во Европа пристигнале приближно осум милиони бегалци од Украина

УНХЦР: Во Европа пристигнале приближно осум милиони бегалци од Украина
Женева, 16 ноември 2022 (МИА) - Од 24 февруари, кога започна воената операција на Русија во Украина, до 15 ноември, во европските земји пристигнале вкупно 7.841.359 украински бегалци, соопшти денеска канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Најмногу бегалци прими Русија (2.852.395), потоа Полска (1.497.849), Германија (1.019.789), Чешка (460.415), Италија (173.231), Шпанија (153.054), Бугарија (145.560), Турција (145.000). Британија (143.100), Франција (118.994) и Словачка (100.783. Во другите земји, бројот на украински бегалци не надминува 100.000, а вкупно 4.725.612 бегалци од Украина се вклучени во привремените национални програми за заштита и поддршка. Во извештајот на УНХЦР се наведува дека до 24 февруари, 15.354.147 луѓе ја напуштиле Украина, а 7.747.450 се вратиле во земјата. ми/

Остани поврзан