• четврток, 26 декември 2024

УНРВА нема да дистрибуира помош преку преминот Керем Шалом

УНРВА нема да дистрибуира помош преку преминот Керем Шалом

Газа, 1 декември 2024 (МИА) – Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека ја стопира испораката на помош преку главниот карго премин кон Појасот Газа, поради заканата од вооружени банди кои неодамна ограбуваа конвои.

Директорот на УНРВА, Филип Лазарини изјави дека е преопасна рутата до преминот Керем Шалом.

Лазарини на Икс го обвини Израел за колапсот на хуманитарните операции во Газа, наведувајќи ги „политичките одлуки за ограничување на количината на помош“, недостатокот на безбедност на патиштата и израелското таргетирање на полициските сили управувани од Хамас, кои претходно обезбедуваа јавна безбедност.

Израел тврди дека пропушта доволно помош за Газа и ги обвини УНРВА и другите агенции за неуспеси во испораката.

Одлуката на УНРВА може да ја влоши хуманитарната криза во Појасот Газа, каде стотици илјади Палестинци живеат во шатори и се зависни од меѓународната помош. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан