УНКТАД: Двегодишната војна во Газа предизвика невиден колапс на палестинската економија
- Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска соопшти дека двете години воени операции и многу ограничувања предизвикале „невиден колапс на економијата“ на палестинските територии.
Женева, 25 ноември 2025 (МИА) – Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) денеска соопшти дека двете години воени операции и многу ограничувања предизвикале „невиден колапс на економијата“ на палестинските територии.
Во извештајот на УНКТАД се предупредува дека колапсот на палестинската економија се одвива во контекст на долготрајна економска и институционална нестабилност, со тешки општествени и еколошки последици.
- Огромната штета на инфраструктурата, производствените средства и јавните служби поништи децении социо-економски напредок на окупираните палестински територии. Економската криза на тие територии е меѓу десетте најлоши во светот од 1960 година, но ситуацијата во Појасот Газа се издвојува како најтешка економска криза досега забележана, се наведува во извештајот на УНКТАД. јт/
Фото: УНКТАД