• сабота, 23 ноември 2024

Уништување на минско-експлозивни и убојни средства на полигонот Криволак

Уништување на минско-експлозивни и убојни средства на полигонот Криволак

Кичево, 10 февруари 2021 (МИА) - На 16,19 и 23-ти овој месец завршува операцијата на Дирекцијата за заштита и спасување за целосно уништување на сите минско-експлозивни и убојни средства пронајдени последните шест месеци ширум нашата земја. Најголем број од нив, над 7.000, се откриени кај градскиот стадион во Битола, а 300 убојни средства се откриени кај село Франгово, Струшко.

Како што информираат од ДЗС, последното уништување на минско-експлозивните и убојни средства ќе  биде извршено на воениот полигон Криволак, со што ќе се заокружи оваа операција започната во месец декември, кога, исто така, во три наврати се изведе вакво уништување и еднаш на 5-ти февруари.

Како што велат оттаму, целата операција ќе протекне под буден надзор на првите луѓе од Дирекцијата за заштита и спасување, АРМ и МВР, како и гости кои редовно присуствуваат на овие уништувања.

- За да биде безбедно уништувањето на овие средства, сите учесници на самиот чин ќе бидат оддалечени околу два километри од местото на контролираната експлозија, како и сите гости и посматрачи присутни на овој чин, истакна Драгољуб Попоски, пиротехничар од  ДЗС.

Во операцијата ќе бидат вклучени уште шест негови колеги. за/ар/

Остани поврзан