• петок, 22 ноември 2024

УНИЦЕФ: Во 2019 година 100.000 деца починаа од СИДА

УНИЦЕФ: Во 2019 година 100.000 деца починаа од СИДА
Њујорк, 25 ноември 2020 (МИА) - Фондот за деца на Обединети нации (УНИЦЕФ) во најновиот извештај наведува дека 100.000 деца починале од СИДА во 2019 година, а речиси 320.000 деца и адолесценти се новоинфицирани. Според податоците, приближно на секоја минута и 40 секунди едно дете или младо лице на возраст под 20 години било заразено со ХИВ минатата година, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ. Извршната директорка на УНИЦЕФ, Хенриета Форе предупреди дека пандемијата со Ковид-19, ја отежнуваат бората против СИДА-та. Според УНИЦЕФ, поради новиот коронавирус децата, адолесцентите и бремените жени во голем број земји немаат еднаков пристап до медицинските услуги и третмани. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан