Унгарија ќе распореди дополнителни воени сили на границата со Украина
- Унгарија ќе распореди војници во близина на границата со Украина, делумно како дел од подготовките за хуманитарни задачи, соопшти денеска Министерството за одбрана.
Будимпешта, 22 февруари 2022 (МИА) - Унгарија ќе распореди војници во близина на границата со Украина, делумно како дел од подготовките за хуманитарни задачи, соопшти денеска Министерството за одбрана.
„Безбедноста на Унгарија е најважна, ја зајакнуваме украинско-унгарската граница“, се наведува во соопштението.
Во соопштението на унгарското Министерство за одбрана се посочува дека поради украинско-руската криза, одбраната на границата и подготовките за хуманитарната мисија се подеднакво важни задачи. паг/