• недела, 30 јуни 2024

Унгарецот Керкез пред трансфер во Манчестер јунајтед

Унгарецот Керкез пред трансфер во Манчестер јунајтед

 

Манчестер, 6 јуни 2024 (МИА) – Централниот бек на премиерлигашот Борнмут и унгарски репрезентативец Милош Керкез е на чекор до преселба во Манчестер Јунајтед, пренесува денеска локалниот весник Манчестер Ивнинг Њуз.

Дваесетгодишниот дефанзивец има пазарна цена од 20 милиони фунти, но управата на Борнмут ќе инсистира на поголема сума при евентуалниот трансфер.

Унгарскиот репрезентативец одигра 33 натпревари измината сезона за Борнмут и импресионираше со цврстата игра во одбраната.

Керкез има 15 настапи за Унгарија со која ова лето ќе настапи на Европското првенство во Германија. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан