• сабота, 14 јуни 2025

Умеров: Можен е мир, само ако Русија покаже подготвеност за конкретни чекори

Умеров: Можен е мир, само ако Русија покаже подготвеност за конкретни чекори

Анкара, 16 мај 2025 (МИА) – Украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, пред први првиот директен состанок, во изминатите три години, помеѓу претставници на Русија и на Украина, изјави дека Киев ги усогласил ставовите со сојузниците.

- Подготвени сме за целосно и безусловно примирје, што веќе го нагласивме за време на состаноците во Џеда и во Ријад со нашите американски партнери. Украина е подготвена за директен дијалог на највисоко ниво. Денеска дојдовме во Истанбул за да го најдеме вистинскиот пат кон праведен и траен мир, посочи Умеров.

Тој потенцира дека е можен мир, но „само под услов Русија да покаже подготвеност за конкретни чекори, меѓу кои се целосно примирје од најмалку 30 дена и хуманитарни мерки како што се враќањето на присилно депортираните украински деца и размена на воени заробеници според принципот сите за сите“.

Умеров му се заблагодари и на САД, Франција, Велика Британија и Германија за нивната поддршка и учество во разговорите во Истанбул. Исто така ѝ се заблагодари и на Турција, која е домаќин на средбите и за нејзината активна улога во постигнувањето праведен мир за Украина.

- Продолжуваме да се бориме за праведен и траен мир и нема да се откажеме додека не го постигнеме, посочи Умеров.

На првата средба како домаќин присуствуваше шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, а американската делегација е предводена од државниот секретар Марко Рубио и пратеникот на Доналд Трамп, генерал Кит Келог. Украинската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак. Разговорите имаат за цел да се изнајде решение за воспоставување мир помеѓу Украина и Русија.

Во тек е првата директна средба помеѓу руски и украински претставници. Руската делегација е предводена од помошникот на Путин, Владимир Медински. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан