Умерен земјотрес регистриран во југозападниот дел на Кина
- Најмалку 29 луѓе се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди југозападна Кина
Пекинг, 27 септември 2025 (МИА) – Најмалку 29 луѓе се повредени во земјотресот со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала што ја погоди југозападна Кина.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во провинцијата Јунан, на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во северниот дел на Мјанмар.
Југозападниот дел на Кина е трусно подрачје, кое во мај 2008 година беше погодено од земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтеровата скала. Најпогодени беа провинциите Сечуан, како и делови од провинцијата Шанси и Гансу, при што загинаа десетина илјади луѓе. ми/
фото: МИА архива