Умерен земјотрес регистриран во Пакистан
- Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Пакистан
Исламабад, 11 септември 2024 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Пакистан.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, на 77 километри јужно од градот Дера Исмаил Кан.
За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. ми/
фото: МИА архива