• понеделник, 23 декември 2024

Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше

Ули Хенес: Барселона е практично уништена, во Германија веќе ќе банкротираше
Минхен, 14 септември 2021 (МИА) - Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес ги сподели своите ставови за финансиската состојба во Барселона. - Барселона е практично уништена! Ако случајот беше во Германија, тогаш веќе ќе беше банкротиран, и соодветниот суд ќе се занимаваше со тоа. Барселона повеќе не е пример за нас. Давид Алаба еднаш ми рече: „Сè уште сонувам да играм за Барселона“. Јас му одговорив: „Со кого сакаш да преговараш? Со претседателот или со стечајниот управник?" И јас се залагам за одење до крај, меѓутоа во моментот кога сето ова повеќе не е можно да се рефинансира, треба да кажете НЕ, изјави Хенес. Барселона која се соочува со тешка финансиска криза, има проблеми и со спонзорите кои почнаа да ги прекинуваат договорите. зс/

Остани поврзан