• петок, 05 декември 2025

Улична трка во Куманово

Улична трка во Куманово

Куманово, 12 ноември 2025 (МИА) - Во чест на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, денеска се одржа традиционалната улична трка, во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт. На трката низ улиците на централното градско подрачје учествуваа над 600 ученици од општинските основни и средни училишта.

-Трката е традиционална се организира со училиштата, со поддршка на градоначалникот и Советот на општината. Учесниците на ниво на нивните училишта се предложени од страна на професорите. Подготвени се за вакви трки по извршената селекција, избрани се најдобрите во машка и женска конкуренција, изјави претседатело на Општинскиот сојуз на спортови, Марјан Нојковски.

Раководителот на сектоорт за спорт од општина Куманово, Александар Крстевски информираше дека на трката учествуваат учесници од 21 училиште и дека учениците се натпреваруваат во 12 категории.

-Драго ни е што секоја година имаме се повеќе учесници, изјави Крстевски.

За реализација на спортски активности кои се организираат од Општинскиот сојуз на спортови одвоени се 12 милиони денари. Во моментов во Куманово има 62 клуба. На ниво на Куманово до крајот на ноември има бројни спортски и културни настани во чест на „Ноемвриските денови“.

По завршувањето на оваа масовна спортска манифестација, секретарот на Општина Куманово, Емилија Сларидис Јаневска и раководителите Јовановиќ и Крстевски на најдобрите натпреварувачи, кои ги освоија првите три места во двете категории, им доделија медали, дипломи и маици, како признание за спортскиот дух и ангажман. ам/вј/

Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан