• сабота, 13 декември 2025

Украински дронови ја погодиле електричната подстаница во руската Вологодска област

Украински дронови ја погодиле електричната подстаница во руската Вологодска област

Москва, 8 ноември 2025 (МИА) – Три украински дронови ја погодиле електричната подстаница во руската Вологодска област минатата ноќ, соопшти регионалниот гувернер Георгиј Филимонов.

Во моментов се прави проценка на штетата, но снабдувањето со електрична енергија во областа, која се наоѓа северно од Москва и на околу 1.900 километри од Украина, продолжува непрекинато, соопшти Филимонов на Телеграм.

Претходно, гувернерот на руската Саратовска област, Роман Бусаргин, соопшти дека две лица се повредени при украински напад со дрон врз станбена зграда во градот Саратов.

По руската инвазија на Украина во 2022 година, Саратов, индустриски град на 625 километри од границата, повеќепати бил цел на украински напади со дронови. Слабо населената Вологодска област, сепак, не е редовна цел на напади од Украина.

Рускиот Министерство за одбрана во најновото соопштение денеска истакна дека воената авијација синоќа соборила 83 дронови, претежно над области кои граничат со Украина. јт/

Остани поврзан