• сабота, 21 декември 2024

Украински власти: Жестоки борби на линијата на фронтот

Украински власти: Жестоки борби на линијата на фронтот

Киев, 2 јули 2023 (МИА) - Руските сили напредуваат во четири области долж линијата на фронтот во источна Украина каде се водат „жестоки борби“, изјави денеска украинската заменик-министерката за одбрана Хана Малиар.

-Непријателот напредува во областите Авдивка, Маринка и Лиман, напиша Малиар на Телеграм, додавајќи дека руските сили напредуваат и во областа Сватово.

Според неа, ситуацијата е „прилично тешка“ и на тој простор се водат „жестоки борби“. Таа посочи дека украинските сили напредуваат со „делумен успех“ јужно од Бахмут, како и во близина на Бердјанск и Мелитопол на југ. Малиар информира дека на југ, украинските сили наидуваат на „интензивен непријателски отпор“, како и на мински полиња и дека напредуваат „постепено“. Украинските сили „континуирано и неуморно работат на создавање услови за најбрз можен напредок“, додаде Малиер.са/

Остани поврзан