• петок, 22 ноември 2024

Украинските сили гранатираа руски региони долж границата - едно лице загина, погодено складиште со гориво

Украинските сили гранатираа руски региони долж границата - едно лице загина, погодено складиште со гориво

Киев, 9 јануари 2024 (МИА) - Украинските сили денеска го гранатираа рускиот регион Курск, при што загина една жена, додека складиште за гориво беше погодено од напад со украински беспилотни летала врз соседниот регион Орјол, потврдија гувернерите на двата региони.

Роман Старовоит, гувернер на Курск, изјави дека една жена е убиена во украинско гранатирање во пограничното село Горнал. 

-Курск, исто така, беше нападнат со беспилотни летала, но тамошните сили соборија најмалку пет од нив, додаде Старовоит.

Во регионот Орјол два дрона погодиле складиште за гориво, по што избувнал пожар.

- Три лица се ранети, изјави гувернерот Андреј Кличко, додавајќи дека биле соборени три беспилотни летала.

Руските погранични региони се повеќе се изложени на украински напади. На крајот на годината, најмалку 20 лица загинаа во ракетниот напад врз Белгород, руски град на 40 километри од границата.

Во последниве денови, Русија истрела стотици проектили врз украинските градови, вклучително и градовите далеку зад линијата на фронтот. сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан