• петок, 05 декември 2025

Украинска пиварница од Лавов од пиво премина на „Молотови коктели“

Украинска пиварница од Лавов од пиво премина на „Молотови коктели“
1 март 2022 France24.com Во индустрискиот дел на градот Лавов, во западна Украина, вработени во пиварницата „Правда“ одговорија на руската инвазија, преминувајќи од производство на пиво кон производство на „Молотови коктели“. Лавов,  бастион на украинскиот идентитет, се наоѓа блиску до полската граница и стравува од доаѓање на руските тенкови во историскиот град. - Треба да се почека крпата да биде добро натопена. Кога тоа ќе се случи, значи, готов е Молотовиот коктел, изјави насмеано, еден од вработените. Со капа на неговата глава, тој ја притисна крпата длабоко во шише за пиво, наполнето со мешавина од масло и бензин. До него уште двајца шанкери, во добро расположение, го прават истото. Тие веќе имаат неколку десетици „Молотови коктели“ подготвени да се употребат, уредно поставени на маси, со цел да ги заштитат од слабите снежни врнежи. И покрај тоа што, можеби овие „Молотови коктели“ ќе изгледаат смешно пред тенкови и ракети, оваа промена не може да биде посериозна за сопственикот на пиварницата, Јуриј Заставни. - Ние го правиме ова, бидејќи некој мора. Ние ги имаме вештините, минавме низ улична револуција во 2014 година, појасни Заставни, мислејќи на прозападното востание на Киев, што го собори режимот поддржан од Кремљ. Тој додаде дека тогаш, морале да произведат и да користат молотови коктели. Како што Заставни истакна, идејата е на еден од неговите вработени, од кои многумина учествувале во револуцијата во 2014 година. Не е првпат „Правда“ да стане институција на некој начин, во Лавов. Едно од нивните омилени пива е наречено „Путин чујло“ - навреда упатена кон рускиот претседател Владимир Путин. Пиварницата почна со производство на коктели за украинските територијални одбранбени сили во саботата, составена од резервисти, кои одговорија на повикот на претседателот Володимир Зеленски, да се земе оружје. На контролните пунктови подигнати на периферијата на градот со 720.000 жители, полицајците и војниците, кои го контролираат секое возило, веќе се опремени со нив. Сопственикот на „Правда“, Заставни, вети дека ќе направат „сè што можат, да помогнат да се победи оваа војна“. бд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан