• вторник, 25 март 2025

Украинската државна железница погодена од голем кибер напад

Украинската државна железница погодена од голем кибер напад

Киев, 24 март 2025 (МИА) – Украинската државна железница „Укрзализниција“ денеска објави дека нејзините онлајн системи биле изложени на кибер напад од големи размери.

Во тек е обновување на онлајн системот, соопшти компанијата во објавата на апликацијата за пораки Телеграм, а сообраќајот на возовите е стабилен и работи без одложувања.

Истовремено, украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 57 од 99-те беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта.

Дополнителни 36 беспилотни летала не успеаја да стигнат до своите цели, се наведува во соопштението.

Не е наведено што се случило со преостанатите шест дронови.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан