• петок, 02 јануари 2026

Украинската војска соопшти дека сè уште го контролира северниот дел на Покровск

Украинската војска соопшти дека сè уште го контролира северниот дел на Покровск

Киев, 2 декември 2025 (МИА) – Украинската војска сè уште го контролира северниот дел на стратешкиот град Покровск во источна Украина, соопштија денеска воените единици кои се борат во градот.

Седмиот корпус за брза реакција на воздушно-десантните трупи на Украина соопшти дека извршил напади во јужниот дел на градот, каде што преовладуваат руските единици.

Изјавата на украинската војска доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин „им честита на неговите команданти за целосно заземање на Покровск“.

Во меѓувреме, Укринформ пренесе дека украинската противвоздушна одбрана уништи 39 од вкупно 62 руски борбени дрона „Шахед“ и „Гербера“, кои вчера ја нападнаа Украина во 18:00 часот по локално време.

Воздушниот напад бил одбиен со помош на силите за противвоздушна одбрана, воените единици за радиоелектронско војување и тимовите за управување со дронови, како и мобилните борбени единици на украинските вооружени сили. јт/сд/

Фото: ЕПА архива

Остани поврзан