• петок, 05 декември 2025

Украинка им го посвети медалот на колегите „убиени од Русите“

Украинка им го посвети медалот на колегите „убиени од Русите“

Париз, 30 јули 2024 (МИА) - Првиот медал за Украина на Олимписките игри во Париз го освои Олга Харлан во мечување, која стигна до бронзата во дисциплината сабја. 

Таа им го посвети медалот на колегите „убиени од Русите“.

-Овој медал го посветувам на сите мои колеги кои не можеа да бидат тука бидејќи беа убиени од Русите. Јас сум Украинка и секогаш ќе имам сила. Продолжуваме да се бориме, рече Харлан по големиот успех.

Олга за малку немаше да настапи во Париз бидејќи била дисквалификувана на светското првенство, откако одбила да се ракува со натпреварувачка од Русија. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан